Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the acf domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/re/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана – Expres.mk

Македонија

Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата.

Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.

Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија, се вели во соопштението и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.

Министерот Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

To top