„Асоцијацијата на албанските општини во * Македонија ќе го блокира национализмот на владејачкото државно мнозинство. ЕУ и САД со асоцијацијата на 5-процентното српско малцинство во Косово ќе ги поттикнат намерно 30-те проценти Албанци во * Македонија да бараат Албанска извршна асоцијација на албанските општини во оваа република. Не е случаен ниту францускиот план за бугарското малцинство во * Македонија. Со промената на името Македонците ја оставија настрана својата национална перформанса, заради моќта на државната перформанса. И Шпанците во Латинска Америка се оставија настрана себеси како народ, заради државната перформанса. И албанско Косово заради државната перформанса се оддалечи од националната химна и знаме, само за да ја засили културната, економската, воената и државната перформанса.“ – овие крајно провокативни ставови ги изнесува Сулејман Мехази во својство како „политички аналитичар“ во своето писание со статус на „колумна“ под наслов „Новиот глобалистички политички дух е малцинствата да владеат со државното владејачко мнозинство“, објавена во влијателниот косовски весник „Бота сот“.
Мехази наведува: Политичка авангарда на глобализацијата е со асоцијациите на малцинствата да се блокираат национализмите на владејачкото државно мнозинство. Малцинствата да ги блокираат владејачките желби на државното национално мнозинство. Ова ќе се случи и со Асоцијацијата на албанските општини во * Македонија. ЕУ и САД со асоцијацијата на 5-процентното српско малцинство во Косово ќе ги поттикнат намерно 30-те проценти Албанци во * Македонија да бараат Албанска извршна асоцијација на албанските општини во оваа република.
Двата плана на ЕУ и САД за Балканот не се случајни: првиот, француско-германскиот план за српското малцинство во Косово, и вториот, францускиот план за бугарското малцинство во * Македонија. Овие европски и американски планови за државите на Западниот Балкан ќе ѝ го дадат духот на политичката и дипломатската авангарда на асоцијациите на малцинствата во државите во Западниот Балкан.
Со промената на името Македонците ја оставија настрана својата национална перформанса, заради моќта на државната перформанса.
Создаде и Босна и Херцеговина современа државна перформанса без националната перформанса. И албанско Косово заради државната перформанса се оддалечи од националната химна и знаме, само за да ја засили културната, економската, воената и државната перформанса. И Шпанците во Латинска Америка се оставија настрана себеси како народ, заради државната перформанса и создадоа многу шпански држави. Современата глобализаторска политика бара државна сила, а не национална сила.
Американците не ги интересира националната перформанса, туку политичката, економската, технолошката, воената и државната моќ.