Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the acf domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/re/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Каспаров: „Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на Путин – Expres.mk

Свет

Каспаров: „Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на Путин

Војната во Украина е само еден елемент од глобалната војна на „слободниот свет против диктатурите“, предупреди Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ.

Каспаров зборуваше на Бледскиот стратешки форум што се одржува во словенечката туристичка дестинација.

Зборувајќи за руската агресија врз Украина, познатиот шахист со хрватски пасош рече дека линиите на конфликтот во таа војна биле „јасни од самиот почеток“: диктатура и тиранија од една страна и либерално демократско уредување од друга страна.

„Војната во Украина е најважната, но само еден од многуте елементи на таа глобална војна против слободниот свет“, рече Каспаров.

„Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на рускиот претседател Владимир Путин и за „опстанокот на корумпираната, морално банкротирана мафијашка структура која денес ја претставува руската влада. Денес рускиот режим дојде до точка кога војната е единствениот начин да се остане на власт, истакна Каспаров.

Тој нагласи дека „демократскиот свет“ денес има огромна воена и економска предност, но „нема политичка волја да ја искористи“.

„Путин има план, Кина има план, исламистичките радикали имаат план, но слободниот свет нема. Влијанието на рускиот претседател денес може да се види низ целиот свет, од Николас Мадуро во Венецуела до Северна Кореја, рече Каспаров.

Тој смета дека денес Русија е изложена на ризик „да стане кинески сателит“, а Кина е „единствената земја која има територијални претензии кон Русија“ и тоа е околу 1,5 милиони квадратни километри, „од Владивосток до Бајкалското Езеро“. Познатиот шахист рече дека „Кина со големо задоволство ја следи оваа војна бидејќи ја ослабува и Русија и слободниот свет“, а таа е надвор од фокусот.

Каспаров се уште не ја гледа стратегијата на демократскиот дел од светот за победа на Украина.

Таа победа мора да вклучува целосно враќање на освоената територија, вклучително и Крим, воена отштета и процесуирање на воените злосторства. Мораме да го убиеме империјалниот вирус во Русија. Тоа можеме да го постигнеме само со враќање на украинското знаме во Севастопол“, заклучи Каспаров.

To top